Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
ПЕРСПЕКТИВА
web
Наутро jа подигнуваш главата
Мразиш восочни перници
Со засукани ракави и со чекор
од седум милjи грабиш.
Напладне мечот го милуваш
Пламенот ти е единствен симбол
Љубуваш бели доjки /И мапи
За идни поколениjа кроиш./
Навечер те обзема миг на слабост
и болно гледаш sвезди
Другаруваш со молкот
Зборот е Jуда - велиш
И чекаш да те предаде
18.01.95
© Зоран Якимоски, 2001
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Совршен молк", 2001.
|