Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
МИГНОВЕНИЕ II
web
Занает златен
сум зафатил
со занес
Сит и зелен
грозно згрчен
платанот пука
/Љубовник луд
на утроба земна/
О, враќање нема
И само напред напред
Совеста влече напред
Назад погледот заден
Мислата сетна
Пак пладнето
во спокоj ќе стивне
А jас ти еj ние сите
ние ситни в занес
а занаетот златен
..............................
Од време на време
в миг
ко облак
од нечиj двиг
на патот
прав се дига
Св. Наум, 05.01.2002
© Зоран Якимоски, 2002
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Първо издание, електронно.
|