Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
КУЌА КАДЕ ПРЕСТОJУВА ВЕТРОТ
web
Понекогаш
Моjата куќа е дом
во коj престоjува ветрот
Тогаш тешко дишам
а просторот озвучен е
од мирис на боливач
Тогаш долго
пекам пред прозорецот
Цел еден еон
сонувам веке
отсонуван сон
Престоjувам во пелин
И дуре ноќта расте
се подлабок е резот
И никогаш и сега
Подеднакво
притискаат плипот
истрошени илузии.
28.01.96
© Зоран Якимоски, 1996
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Совршен молк", 2001.
|