Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
КАМЕН
web
Виси над бездната
устремен кон неа
како пламенот кон sвездите
што се стреми.
Оловен чувар
што ни слуша ни гледа ни разбира.
Смртта останала изиграна и исмеана
зошто му подарила вечност.
Во себе jа голта темнината
и го затвора времето.
Никогаш неразбудена постела
и темна локва вбигорени солзи чемер
со вечна надеж на замислен сонувач
дека еден ден можеби
ќe jа разбере тагата на тополите
и песната на птиците.
Болка е на усните
и праисториjа во мислите -
Одамна загубена природност
недоречена уметност
разфрлана на секоj чекор.
Гледаjќи го
од ден на ден
се потежок ми станува зборот,
а нему пак
утробата.
© Зоран Якимоски, 1994
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Граматика на поривот",
1994.
|