Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
ИСПОВЕД
web
Ќе jа понесам кошулата
на нечистотиjата своjа и твоjа
и ќе паднам сред папратите
со дланки што го допираат
врвот на молњата...
Моjот грев - грев на годините
испишан на челото
птици го раселуваат;
Со љубов и заборав
патиштата ги заветувам
за да не родат селата солзи
и да не доjде пролетта
сред поплави и ровjи;
И место вода
нека понесат водарките болка -
белутрак во времето гнило,
оти врбата само знае
таjната на должноста света и клета
да се испраќаат водите немо;
постоjано и сред жега вечна
да се испраќаат
сал водите немо...
© Зоран Якимоски, 1994
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Граматика на поривот",
1994.
|