Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
ЧЕМРЕЕЊЕ
web
Сите мориња ги продадов
за грст сол во пределите.
Прогонет од сите рамновесиjа
Под ноктите времето го sемнам.
Не доjдов во пролет.
Ме гали клунот
и кожата остро пишти.
Зурлите тажат по моите стапки.
Онаа девоjка во бело на брегот
се уште мене ме чека.
Со света миро земjа премачкувам
Земјата ме боли.
Угар, темна вода,
На пороите улам...
© Зоран Якимоски, 2001
© Издателство LiterNet,
10. 05. 2003
=============================
Публикация в: Зоран Якимоски "Совршен молк", 2001.
|