Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
POSTANTIQUE
web
Дали човечката комедиjа
е божествена?
Трагикомедиjата на Homo sapiens.
Боговите сигурно се луди.
Homo homini cactus.
На Олимп освен маслинки “растат”
и човечки страсти.
Атина, храмот ти е срушен.
Напис во “Deus news”: се бара Елена.
Жената секогаш била во основата
на зачнувањето на животот. И на неговиот
краj.
На краjот од една воjна.
На краjот од антиката.
На амфората на споменот.
На мртвиот jазик на ПРИТЬЧАТА.
На архетипите што ги раѓа
секоjа митологиjа.
© Поли Муканова
© Зоран Jакимоски, превод от български
=============================
© Електронно списание LiterNet, 14.05.2009. № 5 (114)
|