|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
HOMO FABER
web
Умешна сум како татко ми.
Секоj ден името му го ваjам.
И како него си повторувам: "Паметот никоj нема да ми го земе!"
И пред сета мисловност
да добие форма на глинен сад,
секоj ден од неа себе си се ваjам.
Ги сакам умешните луѓе,
изваjaните тела,
зборовите изречени.
Рацете ми са живи,
длабоко в глина,
прецизно ваjат.
Си наликувам на татко ми -
си играм со глината,
формите,
ги сложувам контурите.
Уметност е да си глинен.
Глината никоj нема да jа земе.
Паметот отиде в пекол
и гори,
таму каде што глината стине
во лицето на...
во името на...
таму каде што сите сме творци.
Зошто велосипедот не го запира своjот од
а
ваjаме должини,
празни обрти.
Реципрочни сме само во своето движење,
во своето ваjање.
Рацете коj ќе ми ги земе?
Пишувам како татко ми.
Jас сум неговиот придушен,
хаотичен стил.
Пишувам во Името-на-Таткото,
творам во името на глината,
таму каде што застанал тоj,
вечно ваjаjќи,
без раце.
© Поли Муканова
© Зоран Jакимоски, превод от български
=============================
© Електронно списание LiterNet, 14.05.2009. № 5 (114)
|