Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
В ЦРКВА
web
Колебливо пријде и прагот го мина.
Се прекрсти невешт - незгодно му беше.
Дали тој е верник?! Неверник е, чинам.
Колку е праведен, а колку е грешен?!
Имаше семејство: жена, деца мали,
но по толку лета минати сред вител,
зеде китка свеќи и по ред ги пали -
за своите мили, по една за сите.
Не знаеше тогаш дали има чеда,
ама нив ги спомна, и маж й, и неа.
Во иста молитва при светлоста бледа
две семејства збрани пред светците беа.
Со желба за среќа круг од свеќи пламти:
сам се заборави - другите ги памти!
© Тоде Илиевски
=============================
© Електронно списание LiterNet, 19.05.2004, № 5 (54)
|