Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
ТАИНСТВЕН ПРЕДЕЛ
web
Во заборав тоне дамнешната зора
и првата глетка. Патот тогаш почна
како лесна игра, но влеговме в гора.
Тоа беше знакот, претпоставка точна
за напори идни. Низ стрмните спили,
по патеки козји патници се јазат.
Товарот го носат од своите мили
и јасно е: нема свртување назад!
Така мине денот. Залезот е меѓа.
Густа магла има од другата страна.
Незнајното ткае невременска преѓа.
Зарем таму сета темнина е збрана?
Накрај спроти свеста пловат бели едра.
Веројатно ноќта е ѕвездена, ведра!
© Тоде Илиевски
=============================
© Електронно списание LiterNet, 19.05.2004, № 5 (54)
|