Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
ШАГАЛОВСКА СЛИКА
web
Се двоеше патот на првиот завоj.
Чекорите назад познати му беа.
Jа погледна скришум и продолжи право,
правеjк'и се дека не jа виде неа.
И дозволи сама да одбере тогаш
по коj пат ке оди, а по ист би сакал.
Му допре петица од левата нога:
"Ама каде бегаш? Нема смисла така!"
Прегрнати души. Наоколу - бело:
снег и цут што лесно да замрзне може.
Во воздухот лебди неjзиното тело.
Се гледаат в очи. Со доверба, Боже!
Насмевката вели: "Нешто драго гледам.
Вљубените нека ангели ги следат!"
© Тоде Илиевски
=============================
© Електронно списание LiterNet, 19.05.2004, № 5 (54)
|