Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
СЕЛО
web
Нашево сиромашно поле,
оваа варовничка планина -
островчиња земја во каменот,
златни зрна на надежта.
Го обработуваме со мотики,
со плугови и воловски запреги -
Севишниот ни помага.
Никој нема да мине гладен
низ нашиов атар.
Никој нема жеден да остане.
Ќе ја поделиме погачата,
ќе ги размениме топлите зборови.
Сe додека постои ова село
Севишниот меѓу нас ќе биде.
© Тоде Илиевски
=============================
© Електронно списание LiterNet, 19.05.2004, № 5 (54)
|