|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
СТИХОЗБИРКАТА "МИГОВИ ВО КИБРИТНА КУTИJА" ОД ПОЛИ МУКАНОВА Тоде Илиевски Стихозбирката “Мигови во кибритна кутиjа” од Поли Муканова, коjа е предмет на денешново претставување, всушност е уште еден прилог кон соработката со литературите од нашето соседство. Во овоj случаj имаме можност да запознаеме автор од Република Бугариjа. НУ Библиотека “Григор Прличев” - Охрид како издавач, без оглед на проблемите со кои подолго време се соочува, дава личен придонес во соработката со Албаниjа, Бугариja и Србиja - земjи со кои оваа година ќе бидат реализирани уште неколку меѓународни проекти. Определбата на нашата библиотека беше и останува во соработка со Литературниот клуб што работи при неа, да посвети внимание и да афирмира творци што се носители на уметнички вредности. Веруваме дека избраниот автор во потполност jа заслужува нашата доверба, а тоа верување денес го ставаме на проверка пред културната jавност. Веќе подолго време во светот во теориjата на литературата и во критиката стана вообичаено да се трага по “женското писмо” и феминистичката побуна, речиси секогаш кога авторот е жена. Во поглед на тоа, за да не останеме пократки за толкување од ваков вид, можеме да заклучиме дека Поли Муканова не е ангажирана писателка, што значи дека останува во границите на идеолошката неутралност, а првенствениот интерес ѝе насочен кон чистата литература. Познавачите на литературата би можеле да се обидат да направат споредба на поетесата со други писатели што ѝприпаѓаат на бугарската литература, коjа пак, може да се согледува во однос на соседните балкански литератури, но и во однос на руската литература, наjмногу заради плодотворните влиjаниjа во двете насоки. Она што беше охрабрувачко осознание и значеше проект за препев и за обjавување на стихозбиркава, што се заокружува токму со оваа промоциjа, претставуваше ангажман на Литературниот клуб што работи при нашава библиотека, а чиj претседател е токму Зоран Jакимоски, угледен поет - препеjувач на стиховите од Поли Муканова. За изборот на авторот пресудно беше отсуството на забележливо влиjание на книжевни авторитети, пред се` од типот на трите големи музи: Дора Габе, Елисавета Багрjана и Блага Димитрова, односно од руските поети, што му припаѓаа на Сребрениот век, а меѓу нив беа и Зинаида Хипиус, Ана Ахматова, Марина Цветаева... Сега, кога веќе ги издвоивме имињата што оставаат видливи влиjаниjа, особено во литературите во кои и денес доминира врзаниот стих, станува jасно дека во формален и тематски поглед Поли Муканова има извоjувано целосно слобода, негуваjќи го белиот стих, а темите не ѝ се затворени во кругот на интимата, туку одат подалеку и ги допираат сферите на мудроста. За ваквата определеност на поетесата сведочи присуството на имења на потврдени мислители во историjата на философиjата: Сартр, Хегел, Боало, Бергсон... Постапката на Поли Муканова се потпира врз примена на ирониjата и во моменти кога пее на сериозни теми како што се животот и творештвото, односно двежењето на историското тркало низ времето. Именувањето на една песна со Homo Faber, што значи дефинирање на човекот како животно што се служи со алатки, бездруго треба да се сфати како израз на сомневањето на поетесата во способноста на човекот радикално да го менува светот. Таа немоќ или ограниченост на моќта, е причина за скепса:
или:
Неjзината приврзаност кон елиптичниот израз, односно настоjувањето без користење на многу модални зборови да се биде доволно jасен и асоциjативен, виртуозно да се владее на синтаксата и да не се оставаат недоумици околу обликувањето на стиховите, дава блескави резултати и во миниjатурните творби, како дистихот “Први jуни”:
Има многу успешни стихови што jа сликаат егзистенциjалистичката драма:
Во поларизациjата меѓу елипсата и ирониjата вметнат е кодот на поетесата, тоа е просторот во коj времето за медитациjа никогаш не може да ни биде доволно, ама сепак нуди одгатка на загадочното и далечното, отворање на светови што ни биле на дофат ама не сме имале можност да ги запознаеме. Ова запознавање се однесува од една страна на творештвото на Поли Муканова, а од друга страна на неjзината творечка посебност, коjа од сите аспекти заслужува читателско внимание. Веруваме дека неjзините нови дела ќе бидат нови предизвици за љубителите на уметноста на пишуваниот збор. Охрид,
© Тоде Илиевски |