Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
ИДИЛИЧНА СИМФОНИЈА
web
На Смиле Наумоски - Брсјак
и Лазо Ставрески
Го минавме Јавор, а Слатино - пред нас.
Нe чекаше таму починката следна.
При залезот румен слегувавме в село,
чувствувајќи мирис на летото зрело.
Говеда на патот свиткан како змија -
милозвучни ѕвонци радосно што бијат.
Симфонија чувме, складна партитура -
во нашите души вилнееше бура.
На кладенец селски најличната мома
со стомниња в раце поаѓаше дома.
Со образи светли, румени и бели
ни подари восхит и воздишки врели.
Каде ли е таа, а каде сме ние?!
Убавиот спомен златен рудник крие!
© Тоде Илиевски
=============================
© Електронно списание LiterNet, 19.05.2004, № 5 (54)
|