|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
252. ЧОЕКОТ, ЩО ЯДЕЛ ДЕСЕТ СОМУНИ ЛЕБ Еден чоек беше го научил шкембето да яди по десет сомуни леб. От сбор, на сбор, чул дури и царот. "Каков чоек ке бидит, - си рекол сам со себе царот, - той чоек, що да ядит по десет сомуни на яденье? Я чекай да го викнам, за да видам. Ако йе некое големо мажище, треба да му се алал десетте сомуни, що 'и ядел. А пак, ако йе и той колку мене, треба да яди еден сомун или два поеке от мене, а не десет, како що си ядел." Чоекот седел во друг град и царо прати писмо на тамошний суд да му го изпратат той чоек, да го видит царот. Му зеле кевил на чоекот и го изпратиле сам да пойди кай царо, без да му кажат, за ощо го викат. Одееки чоекот низ една планина, нашол еден чоек отепан, изсечен от арамии, разпаран и сите црева со се чкембе изтурени на земи. "Я чекай, да видам, какво ни йет нашето чкембе, - си рекол сам со себе, - що ядам яз олку многу?" Го зел в раце чкембето и пикнал еден пърст во устината му; пикнал два, пикнал три, пикнал раката цела и тая му я созмело. "Бре, како се ширело чкембето наше, - си рекол сам со себе, - колку да клаваш внатре, толкуа берело. За тоа яз ядам по десет сомуни, чунки сум го научил чкембето да го обтегам. Я, чекай, отсега ке ядам по два сомуна да видам дали ке можам да траям али ке не можам, чунки колку ке клааш во чкембето, толку ке се обтегнит, како що глеам." Вечерта, кай що беше кондисал на ан, два сомуна беше ял. Утредента на ручег еден й пол беше ручал; и втората вечер, еден. Другио ден се представия пред царот. Коа го видел, царот се зачудил на бойот от снагата, що я имал, чунки не бил некой голем чоек, що да яди десет сомуни. Без да му кажи, заощо го викал, царот го клал во една одая и му определил ручек и вечера да му даваат и да му броят, колку сомуни ке изейт. Цела недела го раниле. Арно, ама от еден и от еден й пол сомун поеке не изел чоекот. Му кажале на царот, оти толку леб ядел. Царот го викнал пред себе чоекот и му рекол: "А бре, чоече, за тебе сум чул, оти по десет сомуни си ядел на едно яденье. Али вистина по толку си ядел, дали ме излагале мене светот? Ако неми кажиш да чуям!" - "Честити царе, що знайт господ да знайш и ти. Вистина ядеф по десет сомуни и ако се ва теф со бас и петнаесет можеф да изедам" - му рекол. "Али знаеше, бре чоече, - му повторил царот, - заошчо сум те викал яз?" - "Не знаеф, честити царе, - му рекол чоекот. - От кай ке знам, кога никой не ми кажал?" - "Ами оти сега, бре чоече, не ядиш?" - му рекол царот. "Да ти кажам, честити царе, му рекол чоекот. Идейки за вамо, найдоф еден чоек разпаран и изтурени цревата му на патот и му го видоф чкембето, оти колку да го шириш, се ширело. Да от тоа се свестиф и си рекоф, оти чоек колку да ядел многу, можел, чунки чкембето му се ширело. От той саат си рекоф сам со себе, оти не ке ядам толку многу. И завистина, честити царе, отсега вамо не йе чаре да ядам толку многу." - "Е, си имал късмет, душко, - му рекол царот, - да бидиш жив со ова, що си го напраил. Оту инаку, ако ядеше многу, яз ке те загубеф, за да немаше таков чоек, како тебе, що да си яди касметот". Му дал царот голем бакшиш и го изпратил дома му.
Прилеп - Македония; записал и доставил М. Цепенков.
============================= Други публикации: |