|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
141. ГЯОЛОТ ДАСКАЛ Си била едно време една майка. Таа си имало саде едно дете сираче, без татко. Го даала на даскал, бегало; на занаат, пак бегало. Еднуж заедно со него вървела преку еден мост и, као се уморила, седнала на еден камен да си починит и офнала: "Оф! я, сирота, шчо да чина?" Часокот йе се изпрайл еден чоек и йе рекол: "Шчо офкаш? Шчо мака имаш? Кажи ми!" Таа му рекла: "Детево го дадоф на даскал и на занаат, никаде не ми седит. Сега не знам шчо да чинам!" - "Дай ми го мене, - рекол чоекот - во една година време ке ти го науча секаква наука." - "Арно, - рекла жената. - Како ти йе името и кога да дойда да си го зема?" - "Името ми йе Оф, - рекол той - и детето да дойш да си го земиш в година, денешен ден; - викни: "Оф" и я ке се ява!" Другата година на истийот ден майка му на детето дошла на мостот, седнала на каменот и извикала: "Оф, кай си?" Чоекот се явил, йе го дал детето и йе рекол: "Нишчо не му вакят глаата." Майка му си го зела и си ошла дома. Детето йе рекло: "Майко, я се научиф многу науки и марифети, туку се препраам, као небаре не можа да се науча, оти даскалот, той шчо ме зеде, беше Натемаго (гяолот). Сега я ке се препраа юнец и ти да ме продайш скапо; туку да не се излажиш, да му го дайш и яжето, оти не ке можа да се врата!" Майка му го продала, а тоа по една декика си се вратило. Така се престорило неколко пати и майка му добила веке доста пари, да се прерануат. Еднуж, коа се препрайл на конь, многу убаф, йе го посакал еден многу убоо облечен чоек, йе даал многу пари, туку йе го сакал и оглавот. Таа како не му го даала, той опнал да го земит со сила. Детето го познало оти бил гяолот и се препрайло на заяк. Чоекот (гяолот) тогай се препрайл на хърт и се спушчил по него. Шчо туку го прифтасал, заякот се препрайл на гулаб, а пак гяолот - на сокол. Гулабот летнал и дошол над една кула и низ оджакот се впушчил внатре препраен на чудно яболко. Внатре имало луге и зеле да го мирисаат. Гяолот влегол како чоек и го зел и той да го помирисат. Шчо туку го зел той, яболкото се препрайло на просо и се разтурило по одаата. Гяолот се препраил на квачка со дванайсет пилци и го изколвале. Останале две-три зърнца под полата на еден от лугето. Тийе се сториле лисица и'и издавиле сите пилци со се квачка. И така детето-ученик излегло по майстор от гяолот даскал.
неуточнено, Кичевско - Македония.
============================= Други публикации: |