|
Настройки: Разшири Стесни | Уголеми Умали | Потъмни | Стандартни
* * * Овај Филип Маџарина и тој бил некој јунак, јуначко колено, демек онака исто ко Марка силен. Имал девет алајќи земено. Девет алајќи имал земено да му служет, црната волна бела да ја прает. И беше пиштеле кутриве, дерман немале. Многу 'и судел, 'и мачел Филип Маџарина. Еее, дочул Марко Кралевиќе оту Филип Маџарина да имат алајќи девет земено црната волна бела да ја прает. Многу 'и мачел. И Марко што рекол Кралевиќи? - Ќе одам јас - рече - дома му кеј Филип Маџарина да се обидиме што е тој изиет што му праел на тие момички. Кога ошол Марко Кралевиќи, коа тргнал дома му, тропнал на портата и викнал: Филип Маџарина! Никој не му се одѕиват. Излегла жена му. Излегла жена му... Што викаш, ти? Пак Марко препраен ко дерушиште, кожа облечен... Што бре, - рече - ти дерушиште, - рече - што го бараш - рече - Филипа? Слези - рече - овде долу - рече - да те опитам нешто за Филип Маџарина. Слезе жената. А, мори - рече, - што ми велиш мене, дерушиште? - рече. Кажи го Филип каде е? - рече. - Не го знам - рече - каде е. Ја' да ми се тргниш - рече - одувде. И Марко се наљути, само овде му е кладе раката на вратот, овде одзади и забите му испаднаа на жена му од Филип Маџарина. И си ојде женава горе без заби. Јавна којнот Шарца Пеливана, се тргна оттува Марко, ојде на некое кафе да пиет. Ама ко да пиел тој, седумдесет ќила да земат чаша на пиејње. Еее, дошол Филип, испаднал однејде. Филипице, мори! А ца...ца...ца... - му зборвит. Му зборвит без заби пелтеквит. Што е мори, така? Дојде - рече - овде еден - рече - во кошиште облечен - рече - те бараше тебе, - рече. - ја му реков: "Бегај бе, дерушиште", а тој ми рече: "Слези да те опитам за Филипа." Ја реков да не ме опитвит нешто за тебе и кога мавна - рече - овде, само е кладе раката и без заби ме направи, - рече. Ааа - рече - Филипице, - рече - тој ќе беше Марко Кралевиќи. Мајка нег'ва. Кун кеј ојде? - рече. Не знам, појде кун кафинана, - рече - кун онака. Кога ојде Филип Маџарина, го виде на ено кафе. Излези вамо, - рече - бе Марко! - рече. - На чија жена ти мааш? Излезе Марко, му велит: Слушај бе Филип Маџарина, - рече - ти вјааш рече девет магарина! - рече. (Ова да го увредит. И се наљути Филип могу.) - Кои алајки ти држиш бе, толку време, толку години, - рече - црна волна - рече - да е прает бела, бе, мрсник - рече - ниеден. А мрсник! Се наљути. Кога го зеде боздоганот Марко Краевиќи, ко му го пушти, глаата му летна на Филип Маџарина. И ојде, и ојде дома му де, уште е изнесе жена му, ко што требит Марко... и алајките 'и испушти. - Да си оите, мерак да немате ... Слободно, да немате мерак. На Филипа - рече - му ојде глаата! - рече. И тие тогај... Ее, Марко, - рече - ник'пат не умрел! - рече. - Што е ова добро што го направи! И прекрати. Толку беше.
Пещани, Охридско - Македония (Вроцлавски 1984, с. 344).
© Тодор Моллов, съставител |